Мицкоски: Интензивно се работи на автопатот Климештани-Охрид, вклучени над 1.100 работници и стотици машини

 


Како што наведува Мицкоски, активности се спроведуваат по целата траса на автопатот од кој минатата недела беа пуштени првите 20 километри.

-Во овие осум месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така во работата, има и специјализирани машини, особено за потпатниците. Во број на ангажирани работници, некаде околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот.
Доаѓа времето на Македонија, ги градиме темелите на промените, истакнува премиерот.

Истата објава на ФБ ја сподели и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Според најавите, потегот од Климештани до Охрид се очекува да биде пуштен за сообраќај кон крајот на летото.

20.07.2025 - 12:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега