ФОТО: Врие од пензионери на Водно

На Водно денеска убавото сонце кај Милениумскиот крст најбројни беа пензионерите.  Седнати во едно од неколкуте летниковци малку со ракија , малку со мезе и вообичаено со песна уживаа на сончевото топло време и чистиот воздух, јавува Сител

„ Тешко е внучко да се движими низ Скопјево, премногу е загадено но затоа еве дојдовме тука да ги прочистиме трошните бели дробови. Фала и на Владата на РМ што ни овозможи бесплатно да се возиме со автобусите и жичарницата  инаку и денеска ќе се криевме во нашите домови“-вели еден од пензионерите и објаснува дека редовно доаѓаат на Водно на чист воздух. 
„Штета што нема и малку снегче да забели Водно. Мора да го чуваме и цениме бидејќи тоа е нашиот спас, нашето здравје“-велат во еден глас. 
04.01.2014 - 23:48
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа