Моторциклист загина кај Валандово: Удрил во трактор

 

На 05.09.2025 околу 14:00 часот во ОВР Валандово, било пријавено дека на регионалниот пат од с.Јосифово кон с. Пирава, кај место викано „Железен мост“, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт“ со приколка, со валандовски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(75) од с.Пирава, валандовско и мотоцикл „сузуки“ со валандовски регистарски ознаки, управуван од С.К.(34) од с.Јосифово, валандовско.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Валандово, од каде поради сериозноста на повредите бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде во 17.30 часот починал, информира МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Валандово.

06.09.2025 - 14:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега