ВИДЕО: Данска “ослабена“ на ЕП - се повреди и македонскиот “душман“ Линдберг

Ракометната репрезентацијата на Данска се соочува со предизвици во пресрет на претстојното Европско Првенство.

Данската селекција, која во групниот сегмент ќе игра во друштвото со Македонија, Чешка и со Австрија, остана без неколку клучни играчи.

Најпрво беше “отпишан“ Николај Маркусен кој има проблеми со коленото, а сега неизвесен е и Расмус Лауге Шмит. На ЕП најверојатно нема да настапат и левото и десно крило, Андрес Егерт и Ханс Линдберг.

Македонија го памети Линдберг затоа што пред две години во Србија, во последната секунда од меѓусебниот дуел и донесе победа на скандинавската екипа и со тоа спречи евентуален поголем успех од нашето историско 5-то место на ЕП.

Линдберг е несигурен бидејќи на пријателскиот натпревар против Франција го напуштил теренот и веќе не влегол да игра.

Селекторот на Данците, Улрик Велбек вели дека ќе почека да види дали да смета на услугите на Егерт и на Линберг.

Во меѓувреме, повикан е Патрик Вајсмах, кој добро се снаоѓа на двете крилни позиции.

07.01.2014 - 10:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега