Се јави сопругата на Шумахер: Ве молам оставете не, ни треба мир

Сопругата на опасно повредениот Михаел Шумахер ги повика новинарите да ја напуштат болницата во Гренобл, Франција за да можат докторите да работат во мир.
„Ве молам поддржете не во нашата заедничка борба за Михаел. Важно е да им оставиме простор на докторите во болницата, за да можат да работат на мир.  Ве молам верувајтен а изјавите на лекарите и напуштете ја клиниката. Ве молам оставете го нашето семјство во мир“ - изјави Корина Шумахер, сопруга на седумкратниот шампион во Формула 1 Михаел.
Тој 10 дена е во кома по страшнаа несреќа во која при скијање си ја повреди главата.
Германски Билд вчера пренесе изјава на докторскиот тим во која се вели дека тој може да се разбуди од кома

 

 

07.01.2014 - 12:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега