Бугарија со најголема сива економија во европските земји

 Во Романија во 2013 година делот на сивата економија изнесувал околу 28,4 отсто од бруто внатрешниот производ во износ од 39, 5 милијарди евра, покажува истражувањето на консултантската компанија Еј Ти Крни, пишува романскиот весник „Адевирул“.

Делот кој отпаѓа на сивата економија од БВП меѓу европските држави, најголем е во Бугарија - 31,2 отсто и изнесува 12,8 милијарди евра, покажуваат податоците од истражувањето. Бруто внатрешниот производ на Бугарија изнесува 41,2 милијарди евра.

Во номинална вредност, делот на сивата економија во Романија се зголемил над нивото од  38,3 милијарди евра во 2012 година, иако како процент се намалил на 28,4 од 29,1 процент.

Хрватска е со дел од сивата економија колку и Романија.

Најмал дел на сива економија е забележан во Пвајцарија од 7,1 отсто, кој изнесува 36 милијарди евра. 

07.01.2014 - 13:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега