Видиќ заминува од Манчестер Јунајтед

Раководството на Манчестер Јунајтед му понуди нов договор на српскиот репрезентативец Немања Видиќ, но неговиот менаџер Силвиано Мартина засега ја одбива ваквата можност.

Мартина ја потврди информацијата дека Манчестер сака да го задржи Видиќ, но смета дека во овој момент можноста за понатамошна соработка на Видиќ со тимот од  „Олд Трафорд’’ е исклучена.

- На Видиќ му истекува договорот. Тој е одличен фудбалер и ќе нема проблеми да најде клуб. Веќе имаме контакти со повеќе екипи, но иако се споменуваше Наполи можам да потврдам дека тој тим досега не ме контактирал, изјави Мартино за италијанското радио „ЦРЦ’’.

Немања Видиќ кој речиси една година ја носи капетанската лента на Манчестер Јунајтед, дојде во редовите на премиер лигашот 2006 година од Спартак Москва, а досега за „Црвените ѓаволи’’ одигра 281 натпревар и постигна 18 голови

07.01.2014 - 22:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега