Груевски за Ла Насион: Македонија нуди најниски трошоци за водење бизнис

Ла Насион во своето тиражно викенд издание објави статија посветена на можностите кои ги нуди нашата земја за аргентинските компании.

Премиерот, Никола Груевски, дојде во земјата за да оствари бизнис релации.

Премиерот на Македонија, Никола Груевски, е нетрпелив да ги опише поволностите што ги нуди економијата на неговата млада земја за оние меѓународни компании кои сакаат таму да инвестираат. Со оваа мисија тој пред две недели јапосети Аргентина и сесретна со потпретседателот Амадо Буду, директорот на аргентинската Управа за јавни приходи AFIP(Administracion Federal de IngresosPublicos), Ри кардо Ечегарај, како и со раководнилица од Индустриската унија на Аргентина (ИУА) (UIA- Unión Industrial Argentina).

Во разговор со "La Nacion" ја потенцираше заложбата на неговата Влада за подобрување на социјалниот стандард на македонскиот народ, напредокот на земјата од 94 на 23 место според рангирањето на СветскаБанка. Со цел истакнување на она што е атрактивно, потенцира дека Македонија има договори со сите земји од Европскатаунија, а тоа е она што на една компанија што е основана таму и дозволува да извезува на европските пазари без плаќање на царински давачки. „Освентоа, нудиме најнизок трошок за правење бизнис", потенцира Груевски.

Груевски, кој е на 42 годишна возраст, посочува дека Македонија е земјата која има најниски даноци во цела Европа.

„Покрај тоа, имаме и економски зони во кои компаниите кои инвестираат не плаќаат данок на добивка и персонален данок на доход во првите десет години. Ниту пакплаќаат царински давачки за увоз на суровини за нивно производство, објаснува Премиерот.

Поради сето ова, малата земја од 25.713км², која станала независна во 1991 година, привлече повеќе мултинационални компании, кои ја користат оваа платформа за да ги извезуваат своите производи во целиот свет.

Што се однесува до областите во кои гледа најголеми можности за правење бизнис помеѓу Аргентина и Македонија, Груевски ги посочува земјоделството, автомобилската индустрија, хемиската и текстилната индустрија.

„Големите компании од Македонија би можело и да се заинтересираат да дојдат тука за инвестиции, иако не можам да дадам име на поединечни компании", коментира.

Вели дека Аргентина има многу успешни компании кои работат на новите пазари, со нови трговски партнери. Генерално, тој смета дека земјата ќе биде многу добро позиционирана во период од 20 години.

Со многу стабилна економија, инфлација од одвај 2%, валута (денар) поврзана со еврото и силно скратување на државната бирократија, Македонија се чини дијаметрално спротивна на Аргентина. Дотолку повеќе, кога се консултира Груевски за аргентинските предизвици за соработка и тоа во однос на локалните бариери за увозот, високата инфлација, падот на доларот, затвореноста на надворешната трговија, тој вели дека верува во тоа дека тие состојби ќе се променат со текот на времето и дека ќе можат да се остварат бизнис релации помеѓу двете земји.

Од неговата посета на Индустриската унија на Аргентина, коментира дека успеал да го постигне она што било планирано, а тоа било запознавање на локалната индустрија со бизнис потенцијалите на Македонија и воспоставување конекции со поединечни претприемачи. Освен тоа, од неговата средба со Буду и Ечегарај, произлезе потпишувањето на Меморандумот за разбирање за заштита на инвестициите во двете земји. „Друг чекор би бил потпишување на договори за избегнување на двојно оданочување", велитој.

Билатералната трговија помеѓ двете земји е многу ниска во реалноста: одвај 50 милиони евра. 60% од извозот на Македонија е во Европскатаунија, додека 30% е во земји кои не се членки на Европската унија, но кои се со неа поврзани. Од она што главно се извезува, како главни се издвојуваат автомобилски делови, челик, текстил, земјоделски, хемиски и фармацевтски производи.

И покрај тоа што е доста поврзана со Европската унија, Македонија успеа да ја избегне кризата, бидејќи, како што вели нејзиниот Премиер, во добриот период помеѓу 2006 и 2008 година во кој се наоѓала земјата (БДП забележал растод 5%), одлучиле да го намалат долгот на одржливо ниво (во тој момент бил приближно 40% од БДП но го намалиле на половина). Освен тоа, се спроведуваат континуирани реформи, меѓу кои и „регулаторна гилотина", со која се елиминира голем дел од бирократијата за правење бизнис.

Начелото од кое се води Груевски е што повеќе интернационални компании да отворат свои производни центри во Македонија и одтаму да извезуваат во остатокот одсветот.

„Ние дојдовме сега во Аргентина, за компаниите од оваа земја се приклучат на бранот и отворат свои фабрики таму", заклучува Груевски.

Извор: Курир

најчитано сега