Трагедија: Младо момче убиено во училишен двор

Голема трагедија во која животот го загуби младо момче синоќа ја потресе Приштина. Засега непознат сторител во двор на училиште смртно застрела 14-годишно момче, а неговиот другар е тешко ранет.

Според податоците, убиеното момче пред два дена пристигнало од Шведска и во училиштето, во кое до лани бил и ученик, дошло за да се сретне со неговиот најдобар другар.

Најверојатно станува збор за крвна одмазда бидејќи таткото на убиеното момче лани извршил убиство во Маздит, пренесуваат медиумите.

09.01.2014 - 09:12
Фото: 
Алфа.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега