Денеска стапува на сила механизмот за враќање на визниот режим

Денеска стапува на сила механизмот за можно враќање на визниот режим на шест месеци, за државите од кои доаѓаат лажни азиланти. Овој механизам беше усвоен во декември поради зголемиот број на „лажни азиланти“ од државите од Западен Балкан и други злоупотреби на безвизниот режим што во изминатите години предизвика загриженост во државите од Европската унија.

Привременото укинување на безвизниот режим може да биде применето како последна мерка и во случај на нагло зголемување на бројот на „лажни азилнати“, нерегулирани влегувања во држави од ЕУ или масовно одбивање на барања на ЕУ за реадмисија, односно враќање на лица кои го кршат безвизниот режим.

Единствено во Германија е регистриран зголемен број на „лажни азиланти“ поради одлука на Врховниот суд за враќање на претходниот систем за финансиски и други привилегии за лица кои бараат азил кои во таа држава.

Според Брисел, ЕК постојано ја следи ситуацијата која засега е непроменета.

09.01.2014 - 09:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега