Дел од Аеродром и Ѓорче Петров утре без струја

Жителите на општина Аеродром, лоцирани на улиците „Вангел Тодоровски“ број 2, 4, и 6 и „Коста Новаковиќ“ број 1, 3 и 5 утре од 14 до 16 часот ќе бидат без струја.

Во периодот од 11 до 15.30 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Мечкин Камен“ во општина Ѓорче Петров. Корисниците од скопското село Бразда утре ќе бидат без струја од 9 до 15 часот.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се заради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во овие реони. 

09.01.2014 - 12:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа