Роднините на Владе Дивац: Не ја обвинувајте Рада - и онака е скршена од болка

Миленко Дивац, татко на прославениот кошаркар Владе Дивац, загина во тешка соораќајна несреќа која се случи пред три дена околу 16 часот на патот Чачак - Ужице кај месот Овчар Бања во Србија. Со автомобилот управувала мајката на Владе Дивац, Радмила, која исто така е повредена. Автомобилот излетал од патот и удрил во бетонски столб.

Роднините на кошаркарот тешко ги погодила веста дека е покрената кривична пријава против 72-годишната Радмила за дело против безбедност во сообраќајот.

- Не знаеме дали мора, но знаеме дека и сега без пријава и е доволно тешко откако го загуби сопругот, велат тие.

За Рада велат дека е искусен и мирен возач. Таа вози веќе 40 години и според нив никогаш немала било каква сообраќајка или несреќа. 

Инаку, мајката и таткото на Владе Дивац со автомобилот на местото каде тргнале во 11 и 30 часот, стигнале во 16 часот, што значи дека таа возела во просек со 35 километри на час.

Повеќе информации за несреќата прочитајте тука.

 

10.01.2014 - 09:45
Фото: 
курир.рс

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега