Значително зголемување на сушите на Балканот

Поради климатските промени и зголемената потрошувачка на вода, според европските научници, до крајот на векот сушите во јужниот дел на Европа и на Балканот ќе бидат се почести и подолготрајни.

Истражувачите сметаат дека очекуваното зголемување на температурите поради глобалните климатски промени ќе се интензивира, и дека нивото на водата во поголемите и помалите реки ќе се намали за 40 отсто, а недостигот од вода ќе се зголеми дури за 80 отсто.

Според истражувањата сушите ќе бидат поизразени во Европа и особено во јужниот дел од стариот континент и на Балканот. 

Само во Европа во изминатите три децении трошоците предизвикани од сушите се над 100 милијарди евра.

10.01.2014 - 13:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега