Мајката на Владе Дивац возела 35 километри на час

Семејството на Владе Дивац, чиј татко почина во сообраќајна несреќа, се во шок соочени со лошата судбина на семејството. Но, тие беа тешко погодени од веста дека полицијата поднесе кривична пријава против мајката на славниот кошаркар, која управувала со возилото.

-Не знаеме дали мора да е така, но сигурно сега и е многу тешко и без оваа пријава, велат роднините на Дивац.

Таа ги почитувала прописите. За Рада, мајката на Владе, сите велат дека е искусен возач.

-Таа вози подолго од 40 години и никогаш не добила ниту една казна. Последните десет години, поради болеста на сопругот Миленко, таа возеше постојано. Никогаш не возеше пребрзо, таа е многу совесна и ги почитува прописите. Всушност, таков беше и Миленко целиот свој живот. Секогаш се трудеше до крај да го испочитува законот, велат роднини на семејството Дивац.

Тие го свртеа вниманието на уште еден важен детаљ.

-Кобниот ден, Рада и Миленко, седнаа во автомобилот во 11:30 часот а несреќата ја имаа во околу 16 часот. За тоа време имаа поминато нешто помалку од 140 километри, што значи дека се движеле со просечна брзина од 35 километри на час. Дури и да застанале да одморат, иако не веруваме зошто тој тешко се движеше и неможеше да излага, сепак брзината неможела да биде многу поголема, велат роднините.

10.01.2014 - 20:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега