Сараќини во проверка на резултатите на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот

Министерот за економија, Ваљон Сараќини, денеска ќе ја посети Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на Република Македонија.

Предвидено е за време на посетата министерот да оствари средба и да разговара со директорот на агенцијата Кристијан Џамбазовски, а тема на разговор ќе бидат постигнатите резултати во 2013 година во туристичкиот сектор, но и мерките и плановите за 2014 година.

Целта е да се зголеми бројот на туристите и да се подобри домашната туристичка понуда.

11.01.2014 - 10:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега