МекДоналдс ги затвора рестораните во Македонија

 

Пет ресторани на “МекДоналдс“ во Скопје и уште неколку во Македонија, утрото осамнаа под клуч. Причините засега се непознати.

Надлежните инспекции велат дека тие не стојат зад затворањето на рестораните, туку одговорот треба да се бара внатре во компанијата, пренесува Економски лидер.

Со “МекДоналдс“ во Македонија менаџира М6, фирмата во доминантно мнозинство на Свето Јаневски, поранешен прв човек на “Скопска пивара“.

Во рестораните во “МекДоналдс“ во Македонија вработени се над 200 луѓе.

Извор: Економски лидер

 

најчитано сега