Црногорците најактивни на "Фејсбук"

Речиси секој втор црногорски жител е корисник на социјалната мрежа "Фејсбук".

Според последниот попис на населението во 2011 година, Црна Гора има 625.266 жители, а над 300.000 жители имаат активни "фејсбук" профили.

Црногорските медиуми, сепак, наведуваат дека ова не значи дека половина од Црногорците „се на „Фејсбук““, туку дека постојат и поединци кои имаат по неколку активни профили на оваа социјална мрежа.

Од вкупниот број на активни „црногорски“ профили на „Фејсбук“, 55 проценти се на мажи, а 45 отсто на жени.

12.01.2014 - 12:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега