Рама: Нема промени во односите меѓу Тирана и Вашингтон тие и натаму се одлични

Aлбанскиот премиер Еди Рама изјави дека одлуката на Албанија да го отфрли американското барање за уништување на сириското хемиско оружје во земјата, не претставува загрозување на односите меѓу Тирана и Вашингтон.

Рама на својот профил на Фејсбук ја објави и Новогодишната честитка, која тој ја доби од американскиот претседател Барак Обама, и под сликата потпишана од целото семејство на американскиот претседател тој напишал:Најубавата јануарска честитка пристигна последна.

 

Во честитката американскиот претседател напишал дека е благодарен за соработката помеѓу двете земји и нему и на целото негово семејство им посакал успешна година.

13.01.2014 - 10:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега