Се продлабочува соработката со странските инвеститори - се подобрува бизнис климата во Македонија

Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија и Агенцијата за странски инвестиции и поддршка на извозот денеска поштишаа Меморандум за соработка чија цел е подобрување на бизнис климата во Македонија.

На настанот, новиот претседател на Советот на странски инвеститори Хуан Педро Хименез Наваро, извршен директор на Арчелор Митал, изјави дека овој меморандум е важен чекор кој ќе ја подобри комуникацијата со владините институции и ќе ја подобри координацијата при изведување на заеднички активности насочени кон заедничка соработка во развивањето на деловниот сектор.

Од своја страна и генералниот менаџер на Џонсон Мети и потпретседател на на Советот на странски инвеститори, Џатин Такрар во одговор на новинарско прашање нагласи дека странските инвеститори во Македонија бараат да се скратат одредени административни постапки и да се намали бирократскиот товар што го чувствуваат.

- Има потреба од реформа во некои области, многу процедури треба да се подобрат, но сепак ние сме среќни што сме тука. Затоа работиме во Работните групи чија цел е да се подобри деловната клима во Македонија и да се посочат местата каде имаме предизвици за да се надминат, посочи Такрар.

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и поддршка на извозот Висар Фида најави дека до 20 јануари ќе се објави уште една странска инвестиција во Македонија. 

- Ние бевме малку познати во светот како бизнис дестинација, но со кампањата стануваме се повидливи во бизнис светот, рече Фида околу кампањата Инвестирајте во Македонија.

13.01.2014 - 14:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега