Полицијата во Албанија приведе 35 илегални имигранти

Приведени се 35 илегални имигранти кои биле пронајдени во камион во близна на јужниот град Ѓирокастро.

Камионот кој излегол од селото Лазарат, требало да ги превезе имигрантите до северниот дел на Албанија, односно до границата со Црна Гора. Постојат сомежи за вмешаност и на неколку полициски службеници, бидејќи камионот без проблеми го минал полицискиот пункт кај меснота „Студена вода“.

Во текот на минатата година во Албанија се откриени околу 3.000 илегални имигранти.

13.01.2014 - 14:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега