Грција: Казни до 100.000 евра за компаниите што не соработуваат со даночните инспектори

Казни и до 100.000 евра им се закануваат на компаниите во Грција, кои не соработуваат со даночните инспектори, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Харис Теохарис или генералниот секретар кој е одговорен за приходите наложил на шефот на даночните служби да применуваат казни во износ меѓу 10.000 и 100.000 евра во случај компаниите да не соработуваат со инспекторите.

Теохарис исто така изјави дека побарал 40 отсто од даночните проверки на продавниците, баровите и рестораните да се вршат попладне или навечер.

13.01.2014 - 15:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега