Проверете дали утре во вашата населба ќе нема струја

Дел од скопските населби утре ќе бидат без струја.

Од 8.30 до 14 часот утре без струја ќе останат објектите на „ПантерМис“, „Сибакс“, „БАКО“, „Нептун“, објектите во нивна близина, како и корисниците од околните подулици во село Визбегово, општина Бутел.

Во периодот од 8.30 до 16 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Јуриј Гагарин“, „Миле Поп Јорданов“ и „Стогово“ во општина Карпош.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Бернард Расел“ во општина Ѓорче Петров, а од 9 до 15.30 часот корисниците од улицата „4 Јули“ бр.45 во општина Ѓорче Петров.

 

13.01.2014 - 16:34
Фото: 
Скопјеинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа