Возеле пијани не носеле појас и користеле мобилни - седум сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје се случиле седум сообраќајни несреќи од кои три поминале само со материјална штета, додека во четири со телесни повреди се здобиле  двајца возачи на патнички моторни возила и тројца сопатници.

Во текот на вчерашниот ден преземени се мерки во поглед на исправноста на уредите и опремата на возилата при што санкционирани се седум неисправни возила и осуммина возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола. Преземени беа и 28 мерки за шестмина возачи кои ги управувале своите возила без возачка дозвола, десетмина возачи кои не го користеле безбедносниот појас и 12 возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилата. Исто така санкционирани се и петмина возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, како и шестмина кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се вкупно 71 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

15.01.2014 - 09:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега