Холмс: Македонија е пример за економски успех кој треба да го следат другите балкански држави

Основачот на Индексот на економски слободи на американската фондација Херитиџ и Вол Стрит Журнал, Ким Холмс, изјавува дека Македонија е пример кој другите балкански држави би требало да го следат ако сакаат да обезбедат економски успех. 

- Многу е важно кога една земја постапува правилно во поглед на економските слободи, да ја истакнеме како успешен пример, за и другите
држави да можат и самите да видат што успева, а што не. Македонија значително се подобрува во изминатите години, особено во поглед на слободата на водење бизнис и на намалувањето на даноците. Ова е нешто што другите држави од Балканот би требало да го пресликаат, изјави Холмс на вчерашната презентација на Индексот во фондацијата Херитиџ.

Од четирите области кои ги оценуваат Херитиџ и Вол Стрит Журнал, единствената каде Македонија има слаби оценки се имотните права и нивото на корупција: - Потребно е да се зацврсти владеењето на правото, имотните права и борбата против корупцијата, кои се главните слабости. Тоа влијае и врз другите индекси – ако странците не се сигурни дека ќе успеат да ги изнесат парите, или ако мораат да плаќаат поткуп, потешко ќе дојдат. Иако, во другите области кои ги спомнав, на Македонија и оди сосем добро, изјави Холмс.

Извештајот го претставија претседателот на Херитиџ Џим ДеМинт, кој на социјалните мрежи ја наведе Македонија како еден од добрите примери на реформи во Европа, и сенаторот Ренд Пол.

- Економската слобода не е апстракција, нешто за што се разговара во филозофските кругови, бидејќи имаме 11 милиони невработени, највисока
стапка на данок на компаниите во светот, ја оданочуваме економијата со дури три трилиони долари и одземаме уште два трилиони со регулаторните обврски. Секоја година носиме по 200 регулативи кои нанесуваат штета од над 100 милиони долари, и тоа не ги ни изгласуваме во Конгресот, туку ги усвојуваме со бирократска директива. Конечно, државното преземање на здравствената индустрија, преку Обамакер, е сериозно губење на слободата на избор во САД, изјави сенаторот Пол.

Зап отсетување, според Индексот на економски слободи Македонија се најде на 43. позиција што е најдобро рангирање вжод земјите во регионот.

15.01.2014 - 09:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа