Прометот во индустријата бележи пораст во странство

Според резултатите објавени од страна на Државниот завод за статистика, пораст од од 8,6 отсто е забележан во прометот во индустријата во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, додека пак на домашниот пазар бележи пад од 14,8 отсто, а на странските пазари пораст од 204 проценти.

Според главните индустриски групи, прометот бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11,8 отсто и Капитални производи за 36,7 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 76,1 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 20,2 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,0 отсто.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење камен  бележи опаѓање од 15,5 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија пораст од 10,2 отсто.

15.01.2014 - 13:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега