Кои производи најмногу поскапеле на зелените пазари?

Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, Црвените домати и зелените пиперки во декември 2013 година на зелените пазари забележале најголемо поскапување, додека намалување на цените имало кај краставиците и лимоните.

Податоците говорат дека најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо во декември 2013, во споредба со декември 2012 година, се забележува кај зелените пиперки и лукот. Најголемо намалување се забележува кај лупените ореви и бананите. 

15.01.2014 - 13:51
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа