Преку весник се одрекол од факултетската диплома зошто нема работа!

Еден Србин изреволтиран бидејќи не може да најде работа, се откажал од својата факултетска диплома преку весник. Се работи за Бранимир Џуриќ кој се откажа од дипломата за да ја подигне свеста на младите лица за проблемот со невработеноста.

Овој 25-годишен Србин има диплома по туризам и магистратура по Географија. Сепак, вели дека мора нешто да се направи околу невработеноста, па затоа и се одлучил на овој чекор.

- Некои беа запрепастени некои ме поддржаа. На овој начин сакам да покажам каква е моменталната состојба во Србија, вели момчето.

Поради лошата ситуација ја напуштил Србија и заминал за САД. Тој вели дека не размислува да се врати се додека не дојдат подобри времиња.

 

15.01.2014 - 15:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега