"Сакате да се обесам?!" - Кристијан Голубовиќ плачел и молел во судницата

44-годишниот Александар Кристијан Голубовиќ на кој вчера во судот во Белград му беше изречена казна затвор во времетраење од 14 години за шверц на дрога на релација Белград-Нови Пазар, плачел и молел во судницата.

- На што личи ова? Нема смисла. Ме осудија на 14 години затвор...не знам што сакаат од мене, сакаат ли да се обесам?! Убијците добиваат помали казни од мене, огорчено изјавува Голубовиќ за српскиот Курир.

Тој во судницата изјавил дека не е цвеќе за мирисање, и дека се срами што стои во судницата, и дека дури и да биде ослободен овој срам ќе го носи цел живот. При излегување од судницата со солзи во очите изјавил дека ова му е најлошиот ден во животот и жали што бил уапсен токму пред црква.

 

 

16.01.2014 - 11:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега