Се маскираше во владика, полицаец, ѓубретар... - што откри Кристијан Голубовиќ за Легијата?

Кристијан Голубовиќ си ја отвори душата и раскажа се за Милорад Улемек Легијата и тоа што тој правел, како се криел од властит и кој што му ветил. 

Голубовиќ тврди дека се сретнал со Легијата непосредно пред тој да им се предаде на властите во 2004 година. Тогаш му пришол маскиран како Владика. - Влегов во една кафана за да се видам со некои луѓе. Позади мене имаше двајца сомнителни ликови кои мислев дека ме следеа. До мене одеднаш се појави владика облечен во мантија, а потоа видов дека тоа е Легијата.

Според Кристијан, Милорад бил мајстор за маскирање и се преправал во владика, ѓубретар, полицаец....

- Па, кој би застанал владика облечен во мантија на улица, на кого би му бил сомнителен, вели Кристијан и додава дека Легијата не кажал ни збор за Чурувија но од друга страна слушнал дека неговите убијци биле исечкани на делови. 

Исто така, Голубовиќ е огорчен и за големата казна која ја добил за шверцот на дрога на релација Белград-Нови Пазар. Тој вели дека единствено што признава е дека во Грција продавал оружје на црно.

 

17.01.2014 - 10:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа