Три странски компании со понуда за приватизација на стариот аеродром во Атина

Странските компании „Елбит“, „Ламбада Девелопмент“ и „Лондон Регионал Пропертис“се компаниите кои се јавија на обновениот тендер за приватизација на стариот аеродром во близина на Атина, „Елиникон“.

Грчката агенција за приватизација ги анализира понудите, но градоначалниците на трите општини во непосредна близина на аеродромот се против, наведувајќи дека приватизацијата на аеродромот ќе доведе до уништување на животната средина. Тие посочуваат дека имаат проект со кој се предвидува на местото на аеродромот да се изгради парк.

17.01.2014 - 11:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега