Грција: Гувернерот на централната банка добил писмо со два куршуми

Грчката полиција денеска соопшти дека Јоргос Провопулос или гувернерот на централната банка на Грција добил писмо со два куршуми за пушка и заканувачка порака.

Поштенското плико било испратено од непозната досега група „Народни одмаздници“ и е адресирано до Провопулос, се наведува во соопштението на полицијата.

“Писмото беше адресирано до гувернерот. Веднаш е алармирана полицијата”, изјави анонимен претставник на централната банка.

Писмо со слична содржина му било испратено и на познат грчки новинар. 

17.01.2014 - 15:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега