Милетиќ: Дедо му на Жерновски беше директно задолжен за прогон на Србите

На денешната расправа во Собранието на Република Македонија, пратеникот од Српската Напредна Странка Драгиша Милетиќ, го отвори прашањето за депортацијата на Србите која што ја спроведувал, според него, дедото на Андреј Жерновски, Кирил Жерновски.

„Што да правиме ние Србите сега со дедо му на Жерновски, што беше директно задолжен за прогон и истерување од куќите на Србите од Македонија, рече Милетиќ од собраниската говорница.

Во рамки на бугарската управа во време на окупацијата од страна на Бугарија, Кирил Жерновски бил заменик-кмет на Скопје од јули 1941 до почетокот на 1943 година, со што бил директно инволвиран и задолжен за спроведување на политиките од тогашната бугарска окупациска власт.

 

 

17.01.2014 - 17:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега