Избегната тепачка меѓу пратениците на СДСМ

Малку фалело да избие масовна тепачка на Бихаќка на состанокот на поширокиот состав на раководството на СДСМ со пратеничката група, јавува Нетпрес повикувајќи се на партиски извори. Според информациите, состанокот кој траел 5 часа финиширал со жестока расправија меѓу Радмила Шеќеринска и Јани Макрадули околу стратегијата според која СДСМ како опозиција треба да делува. Несогласувањата, според Нетпрес, кулминирале кога почнала расправијата меѓу Макрадули и Марјанчо Николов, а очевидци за порталот велат дека присутните на состанокот едвај спречиле тепачка.
Press24 се обиде да ја провери информацијата кај партискиот портапрол, Петре Шилегов но тој не одгоараше на повиците на својот мобилен телефон.
Медимите во повеќе наврати пишуваа за сериозни несогласувања на Бихаќка, кои често кулминирале со жестоки расправии меѓу раководството и пратеничката група. Во повеќе наврати излегоа информации дека причина за ваквата ситуација на Бихаќка е стравот на пратениците дека ова им е последен мандат во пратеничките клупи и дека новиот лидер Заев најавил нивна смена за во новиот пратенички состав

18.01.2014 - 12:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега