Турската полиција со солзавец се бори против демонстрантите во Истанбул

За да растера околу две илјади учесници во протест против владиниот нацрт-закон, со кој ќе се зголеми контролата врз интернетот,турската полиција употреби солзавец и водени топови.

Демонстрантите возвратија со фрлање камења, а полицијата уапси неколкумина од нив. 

Помали демонстрации се одржаа вчера во крајбрежниот град Измир и во главниот град Анкара, каде околу 300 лица извикуваа пароли против Владата и нацрт-законот за ограничување на Интернетот.

Владата ги отфрла обвинувањата дека станува збор за цензура и нагласува дека целта на законот е заштита на правото на личен живот.

19.01.2014 - 10:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега