Влегол во продавница во Чаир - по неколку минути излегол богат

Засега непознат крадец опустошил продавница за електроника во скопски Чаир.

Според информациите од полицијата, кражбата била извршена ноќта помеѓу петокот и саботата. Мета на крадецот била продавницата за електроника „Ефро Електроник“ на 45 годишниот А.А., лоцирана на улицата „Втора Македонска Бригада“ во Чаир. 

Арамијата провалил во дуќанот, насилно ги отворил фиоките и одземал околу 2.300 евра во различни валути, пиштол и документи.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

20.01.2014 - 11:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа