За еден ден 12 сообраќајки во Скопје

Во изминатите 24 часа, на скопските улици се случила 12 сообраќајни незгоди. Од шест од нив има само материјална штета, додека во останатите шест со телесни повреди се здобиле петмина возачи на патнички моторни возила, двајца сопатници, еден велосипедист и еден патник во автобус.

Се случиле уште три незгоди со мала материјална штета во кои е пополнет Европскиот извештај.

Во текот на вчерашниот ден, сообраќајната полиција открила поголем број прекршоци. Откриени и санкционирани се шестмина возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, седуммина возачи кои непрописно се престроиле и десетмина возачи кои ги паркирале своите возила на пешачките премини и во зона на крстосница. Казнети се и четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај и петмина возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин.

Со специјалното возило „пајак“ се отстранети 62 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

21.01.2014 - 09:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега