Синот на Аркан ќе објави книга за него

СИнот на првата жена на Аркан, на Фејсбук објави дека ќе напише книга за својот татко иако неговото семејтво се противи на оваа идеја.

-Книгата која ја пишувам за татко ми е проект кој го работам исклучиво сам и без поддршка од семејството. Сакам да напоменам дека моето семејство но и пријателите се против тоа книгата да ја здогледа светлината на денот. Но морам да истакнам дека никој не може да влијае на мене на кој било начин, посебно што никој не ме наговори, ниту стои зад мене да ја напишам книгата. Јас ќе продолжам сам до крајот и ќе го завршам она што го започнав. Ќе истакнам и дека парите не се мотивот поради кој ја пишувам книгата, туку вистината и правдата, во што ќе се уверат сите кои што ќе ја прочитаат. Тоа му го должам на својот татко, без оглед на цената која ќе ја платам, изјави Воин Ражнатовиќ.

21.01.2014 - 12:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега