Папата ќе го посети Сараево по повод одбележување на 100-годишнината од Првата светска војна

Во втората половина на јуни Папата Франциско ќе ја посети Босна и Херцеговина по повод одбележувањето на 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна каде ќе упати порака за мир, информира денеска саравеската Федерална телевизија.

Претседателството на БиХ упатило официјална покана до поглаварот на Римокатоличката црква, а неговото доаѓање е планирано за 21 јуни.

Повикувајќи се на неименувани извори, телевизијата тврди дека папата ќе престојува во еднодневна посета на Сараево.

21.01.2014 - 17:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега