Само меѓусебен договор ќе им помогне на Србија и Косово да влезат во ЕУ

Атифете Јахјага или претседателката на Косово, денеска во Виена оцени дека договор меѓу Србија и Косово за меѓусобно признавање, би им го отворил патот на двете земји за членство  во ЕУ.

Таа вели дека Србија би требало да се откаже од таа идеја бидејќи унијата „сигурно нема да дозволи“ да увезе замрзнати конфликти.

Дијалогот меѓу Белград и Приштина, нагласи Јахјага во обраќање на конференцијата „Ком-султ“, мора да продолжи, без временски ограничувања, додека е тоа потребно, под патронат на ЕУ и надзор од САД.

“ЕУ не може да одобри препреки што една држава може да и ги наметне на друга на патот кон ЕУ”, рече таа.

Јахјага нагласи дека косовските власти ќе се трудат да ги помират сите заедници кои живеат во секој дел од државата и дека Приштина „нема  да го дели суверенитетот со ниту една држава“.

21.01.2014 - 18:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега