Ја оставила жива и здрава а ја нашла со модринки - мајката на претепаното шестгодишно девојче ја тужи градинката

Мајката од Србија која ја остави својата шестгодишна ќерка во градинка жива и здрава, а потоа доживеа вистински хорор откако ја најде претепана, за што никој не ја превзема вината, не ја пушта повторно да оди во градинка бидејќи стравува дека поради негрижа ваков инцидент би можел да се случи повторно.

Мајката Билјана Ф. за српскиот Курир раскажува дека ќе ја тужи градинката "Наша радост", за она низ што поминала нејзината шестгодишна ќеркичка Ј.Ф.

- Моравме да ја испишеме од градинка бидејќи се плашиме дека повторно би можело да и се случи нешто лошо. Не се плашиме дека некој би можел повторно да ја удри бидејќи воспитувачките сега по инцидентот сигурно повеќе се грижат за децата, но не можеме повторно нашата ќерка да ја оставиме на тоа место, вели мајката.

За потсетување, малата Ј.Ф. пред околу еден месец беше претепана откако нејзините родители ја оставиле во градинка. На пат кон дома се пожалила на болки во стомакот, и раскажала дека ја претепале три другарчиња, иако воспитувачките тврдеа дека ништо не знаат. Повеќе прочитајте ТУКА.

22.01.2014 - 09:40
Фото: 
курир.рс

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега