Бабата на кошаркарот Кимани Френд кој усмрти девојка нашла сведок преку оглас

Бабата на кошаркарот Кимани Френд кој возејќи со огромна брзина со својот луксузен автомобил, прегази девојка во центарот на Белград, која за жал почина на местото на настанот, нашла сведок за настанот преку оглас. Според српскиот Курир, се работи за Оливера Просич која вели дека е сведок на настанот кој се случи на 2 ноември 2012 година.

35-годишниот кошаркар во 2 часот наутро возејќи со голема брзина под дејство на алкохол ја прегази 29-годишната Невена Драгутиновиќ, која почина на местото на настанот. Сега, за време на наредното рочиште  ќе зборува и девојката која неговата тетка ја нашла преку оглас, а била на местото на несреќата.

- Разбирам што ставаат на мој грб, но јас навистина сум невин, изјави кошаркарот. 

За време на вчерашното судско рочиште бил испрашан уште еден сведок кој изјавил дека го видел телото на девојката веќе покриено кога пристигнал на местото каде се случила несреќата. Тој навел и дека сестрата на покојната Невена била во многу лоша состојба кога ја забележал.

Наредното рочиште е закажано за 6 март.

22.01.2014 - 11:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега