Касиљас постави рекорд од 520 минути без примен гол

Голманот на Реал Мадрид Икер Касиљас иако не е стандарден на голот на кралскиот клуб, сепак кога добива шанса да настапи одлично си ја завршува задачата.

Така на синоќешниот натпревар против Еспањол, Касиљас остана несовладан со што постави рекорд во кариерата од 520 минути без примен гол.

Шпанскиот репрезентативен голман во победата на својот клуб од 1:0 учествуваше со неколку добри одбрани и со тоа многу придонесе Реал да биде на чекор до полуфиналето во Кралскиот куп.

Последен пат кога Касиљас бил совладан е на 27 ноември минатата година на натпреварот од Лигата на шампионите против Галатасарај.

 

 

22.01.2014 - 12:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега