Грција нуди четири милиони евра за апсење на терористи

Локалните грчки медиуми објавија дека грчката Влада објави награда од четири милиони евра за апсење терористи.

За наградата соопшти министерот за јавен ред Никос Денидас по средба на полициските служби во државата.

Министерот додаде дека борбата со тероризмот во Грција е директно поврзана со економскиот развој на државата и дека затоа било одлучено да се објави награда за апсење терористи.

22.01.2014 - 12:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа