Едвај го држев рекетот- погледнете ги крвавите дланки на Надал

Шпанскиот број еден тенисер во светот Рафаел Надал го преживеа дуелот со Григор Димитров и се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен. Рафа до триумфот дојде буквално со многу крв и пот.

Имав многу среќа. Ова беше навистина извонреден меч, но се изнамачив признава Надал.

Шпанецот имаше големи проблеми со раните и пликовите на својата лева рака и тој после мечот изјави дека раните многу му пречеле особено кога требало да сервира.

“Најлошо се чувствував кога требаше да сервирам, се друго беше горе долу во ред, но додека сервирав мислев дека рекетот ќе ми испадне од раце  изјави Надал.

22.01.2014 - 12:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега