Српска пејачка скршена од болка: Што ќе правам кога ќе ми го земат детето?!

Српската пејачка Маја Николиќ која веќе пет години води судски спор сосвојот поранешен сопруг за старателство врз нивното дете, е очајна и несреќна. Судскиот спор кој конечно ќе добие епилог, откако овој четврток конечно ќе се знае кај кого ќе остане детето.

Пејачката вели дека до сега не загубила верба и се спротиставила на одлуката на судот нејзиниот 7-годишен син Лазар да биде доделен на таткото.

- Ми потонаа сите бродови. Никогаш не сум била поочајна и понесреќна. Се жалев секаде кога ми го одземаа детето, тропнав на секоја врата. Веќе од утре ќе се зголеми оваа агонија и нема да имам сила за живот, вели шејачката за српскиот Курир.

Освен 7-годишниот Лазар пејачката го има и шестнаесетгодишниот син Новак. 

_ не знам што ќе правам кога дефинитивно ќе ми го одземат детето, додава Маја.

За судските процеси пејачката сменила пет адвоката и потрошила 15.000 евра, но не успеала да си ја оствари целта.

22.01.2014 - 13:01
Фото: 
курир.рс

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега