Хрватска станува енергетска сила?

Пронајдени се нафта и гас на дното на  Јадранското Море, најдена е количина која би можеле Хрватска да стане нова енергетска сила на Балканот.

Норвешката компанија „Спектрум“ во изминатиот период изврши 2Д скенирање на морското дно во близина на хрватскиот брег. Испитувањето траеше пет месеци и покажа големи потенцијали  за наоѓалишта на нафта и гас вдолж целото хрватско крајбрежје, вели Руне Енг, директор на компанијата „Спектрум“.

„Засега е рано да се зборува за количества и вредност. Но секако, Јадранот заради својата мала длабочина ќе биде интересен за глобалните џинови во нафтената и индустријата за гас“, додаде тој.

Министерот за економија во Хрватска, Иван Врдољак најави дека веќе на пролет ќе објави меѓународен тендер за експлоатација на природните наоѓалишта и изрази очекување оти Хрватска наскоро „би можела да стане енергетски џин не само на Балканот, туку и во цела Европа“.

22.01.2014 - 13:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега