ВМРО-ДПМНЕ: Заев да не ги крие документите за тендерите и да и ги покаже на јавноста

Таткото и чичкото на Зоран Заев од Општина Струмица и нејзните институции добиле пола милион евра.

Зоран Заев и општинските инситуции кои што се под негова директна надлежност, со склучувањето на 8-те договори за јавни набавки во ЈОУГД „Детска Радост“ и Општина Струмица, доделиле вкупно 30.564.291 денари на фирмата Зови Промет ДОО. 

Замислете, фирмата Зови Промет ДОО, добила околу 500 илјади евра само за набавка на прехрамбени производи, средства за хигиена и новогодишни пакетчиња. Како да не постоеле други фирми во Струмица или пак во Македонија, која што можела да ги врши овие набавки, па морало тоа да се направи преку фирмата на таткото и чичкото на Зоран Заев.

Тоа е срамно и политички неморално. 

Поради ова СДСМ и Зоран Заев со месеци се обидуваат да го прикријат фактот дека во Општина Струмица е создаден систем за испумпување на пари во кои се вклучени фирмите на најблиските роднини на Зоран Заев. Затоа тие се обидуваат преку невистини и манипулации да го одвлечат вниманието на јавноста од овој класичен пример на непотизам и судир на интереси кој што владее во Општина Струмица.

ВМРО-ДПМНЕ, уште еднаш го повикува Зоран Заев да излезе и јавно да ја објави целосната постапка и тендерската документација за овие јавни набавки кои ги добила фирмата Зови Промет ДОО.

Зоран Заев треба да престане да се крие зад празни партиски прес конференции и соопштенија и конечно да објасни пред јавноста, како е возможно во општината во која што тој е градоначалник, тендери да добива фирмата на неговиот татко и чичко.

 

Очигледно, ова е осмислениот систем кој Зоран Заев го создал низ годините наназад. Систем создаден само за лично и семејно богатење и испумпување на народни пари од општината.   

(Интегрален текст од прес конференција на Борче Стамов, ВМРО-ДПМНЕ)

22.01.2014 - 13:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа