ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката за зголемување на минималната плата

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на Владата за зголемување на минималната плата која од сегашните 8.050 ќе изнесува 10.080 денари.

Пратеничката Светлана Јакимовска на прес-конференција потсети дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ била првата која во 2012 година го донела Законот за минимална плата со кој за првпат во државата е утврдена најниската висина на платата.

- Со оваа одлука директно ќе се влијае врз стандардот на граѓаните, а со тоа и минималната плата ќе продолжи да го следи и растот на просечната плата. Зголемувањето на минималната плата повеќе од сигурно ќе помогне во решавањето на многу проблеми со кои се соочуваат работниците и ќе реши многу егзистенционални прашања. Преку оваа мерка Владата на Република Македонија покажа дека секогаш е тука за да ги решава проблемите на граѓаните, рече Јакимовска.

Таа најави дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржат измените на Законот за минимална плата, но изрази жалење што опозицијата не ја поддржала оваа владина одлука.

22.01.2014 - 13:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега