СКАНДАЛ: СДСМ фатен во лага

СДСМ денеска со партиско соопштение ја информираше јавноста дека нивната потпретседателка Радмила Шеќеринска е избрана за член на Претседателството на Партијата на европски социјалисти.

Иако информациите се јавни и објавени на интернет, СДСМ се обиде да ја излаже јавноста за членувањето во Претседателството на ПЕС, бидејќи тие сепак не се полноправна членка во Партијата на европските социјалисти и членуваат само како партија соработник по редовна постапка во Претседателството која нема право на глас.

 

На официјалниот веб-сајт на ПЕС (www.pes.eu) може да се провери кои политички партии се полноправни членки, а кои партии се членки соработници на ПЕС. Не само што СДСМ не се полноправни членови туку и статутот на Партијата на европските социјалисти (http://www.pes.eu/sites/www.pes.org/files/statutes_adopted_en.pdf - страна 15, 7 поглавје) вели дека секоја политичка партија без разлика дали е полноправен или член соработник, има свој член во Претседателството, вклучително и партиите соработници на ПЕС кои иако имаат свој член, тие немаат право на глас.

СДСМ со објавувањето за членството на Радмила Шеќеринска во Претседателството на ПЕС се обидоа со политички маркетинг да ја излажат јавноста, а притоа не напоменувајќи дека станува збор за редовна постапка и дека Шеќеринска станала членка според статутот на ПЕС, кој налага секоја партија член на ПЕС да има претставник во Претседателството и дека нема право на глас.

22.01.2014 - 14:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега