Љубчо Георгиевски: Изборите нема да бидат фер

Додека СДСМ официјално молчи околу можноста за организација на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, коалиционите партнери гласно зборуваат. Јасно не за ново соочување со граѓаните денеска пристигна од лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски. Тој практично само го повтори ставот кој Заев го кажа на крајот од летото. „Предвремени парламентарни избори нема да донесат ништо ново“
Ваквата изјава на Георгиевски е практично признание дека опозицијата не очекува многу на евентуалните превремени избори.
Најверојатно затоа, лидерот на ВМРО-НП, вели дека изборите не може да бидат фер, без разлика што лидерот на неговата коалиција ја подаде раката за договорот околу Изборниот законик.
„Апсолутно не очекувам да бидат фер, независно какви закони да се донесат затоа што власта има своја шема има свој шаблон, негде оди со заканување, негде со купување, негде со притисок, таа шема функционира и очигледно е тешко да се разбие и за претседателските и за парламентарните избори“, рече Љубчо Георгиевски.

22.01.2014 - 14:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега